Нападнато возилото на Рама, седуммина уапсени

Фото: EPA-EFE/CYRIL ZINGARO

Толпа граѓани се обидела да го блокира националниот пат Елбасан – Либражд во Албанија, а било нападнато и возилото на Еди Рама со тврди предмети и пиротехнички средства, пренесува Телеграфи. Денеска албанската полиција соопшти дека седум лица се приведени, а 16 други учесници во настаните се под истрага.

Албанската полиција покрена постапка против 23 лица, меѓу кои седуммина се уапсени за нелегалениот протест, организиран синоќа на влезот во Либражд.

Според соопштението од полицијата на Либражд врз основа на снимките и извештаите, уапсени се 7 лица на лице место за кривично дело „Организирање, учество во толпа, нелегални настани” како и „Спречување на движење на транспортни средства”.

Уапсените лица и тие за кои се врши истрага, синоќа околу 18 часот се собрале на влезот на градот Либражд, обидувајќи се да го блокираат националниот пат Елбасан – Либражд, го попречиле возилото на албанскиот премиер Еди Рама и го нападнале возилото со тврди предмети и пиротехнички средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот