НАПАД ПРЕД КЛУБ ВО МАЛТА: Обезбедувачи брутално претепаа момче од Полска (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/ tvm.com.mt

Се очекува српски државјанин, кој работи како обезбедување на Малта, да се појави пред суд откако беше уапсен и обвинет дека тешко повредил момче од Полска пред ноќен клуб во Пејсвил, објави „Еспресо.рс“.

Порталот „TMV“ ги има екслузивните снимки од инцидентот на кои може да се забележи дека жртвата ја напаѓаат околу пет обезбедувачи. Откако е брутално претепан, момчето останува на земја и без свест.

Нападот се случи за време на ноќта меѓу петокот и саботата на улицата Сејнт Џорџ во Пејсвил.

Видео-снимките го прикажуваат момчето од Полска со мобилен телефон во рака како го слика или снима објектот во кои работат обезбедувачите. Во еден момент може да се забележи како еден од обезбедувачите се затрчува кон Полјакот, снажно го удира, а потоа напаѓа и други луѓе.

Две лица завршија на земја, а веднаш потоа најмалку четири лица му се придружија на обезбедувачот кој го удираше на земја момчето.

Овој напад, кој траеше помалку од една минута, на најпрометната улица во Пејсвил се случи во присуство на многу сведоци. Претепаниот Полјак наводно останал без свест на земјата, откако еден од „тепачите“ силно го удрил во главата.

Според информациите на „MVM“, момчето е хоспитализирано и пуштено од болница по два дена. Од друга страна, полицијата го идентификуваше и го уапси српскиот обезбедувач кој наводно ги нападнал луѓето пред клубот.

Тамошната полиција потврди дека истрагата е понатаму отворена и дека не е исклучено да се преземе акција и против другите напаѓачи.

Снимките можете да ги погледнете тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот