Наместо катна гаража се гради нов зелен сквер во Карпош 2 (ФОТО)

Започна уредувањето на новиот зелен сквер, на аголот меѓу улицата „Никола Тесла“ и булеварот „Илинден“, во населбата Карпош 2. Во едниот дел од овој зелен простор наскоро ќе се оформи детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел ќе се формираат патеки, ќе се постават клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и осветлување. Просторот ќе биде облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов информира дека уредувањето на ова ново катче е дел од проектот за редизајнирање на јавните зелени површини на четири локации во Скопје, според кој, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот „Јане Сандански“, кај „Палма“, на крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ и кај поликлиниката „Идадија“ во Центар.

– Станува збор за иницијатива на Град Скопје и Центарот за иновации „Скопје Лаб“, како резултат на долгогодишната соработка со УНДП, во чии рамки ќе редизајнираме постојни зелени површини согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација и за дружење. На оваа локација каде што сме денеска, беше предвидена изградба на катна гаража, но ние успеавме да го зачуваме зеленилото. За околу еден месец овој простор ќе биде полн со содржини кои граѓаните ги одбраа за оваа локација. За нас како Град е императив да ги зачуваме зелените површини, но и да ги облагородиме – нагласи градоначалникот Шилегов.

Иницијативата за редизајнирање на јавните зелени површини почна во 2018 година, во две фази – во првата фаза од граѓаните беа идентификувани седум локации од кои сега почнува редизајнирањето на првите четири. Во втората фаза идентификувани се вкупно девет локации што треба да се редизајнираат. Како резултат на процесот, „Скопје Лаб“ изработи седум концепт дизајни, подоцна разработени во елаборати за изведба, кои се водилка за нивното понатамошно уредување од Градот Скопје и од општините.

 

На почетокот на активностите за уредување на новиот зелен сквер во Карпош 2 присуствуваше и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, кој потенцира дека овој проект е важен за Општината и за граѓаните. Потсети дека континуирано се зголемува зеленилото и досега Општина Карпош направи нов зелен сквер во Карпош 1, на ул. „Иван Аговски“ и во Карпош 2, кај Драмскиот театар.  На седум поголеми локации подигнати се нови тревни површини и се поставени системи за наводнување.

Шилегов: Уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“ ќе дестимулира нелегална градба

Почетокот на уривање на дивоградбата во „Мавровка“, начинот и модалитетот, ќе значи дестимулирање на граѓаните да влегуваат во незаконити дивоградби, смета градоначалникот Петре Шилегов.

Рушење на дивоградбата кај ТЦ Мавровка / Скопје, 2 септември 2020 / Фото: Драган Митровски – Слободен печат.

Тој објасни дека Град Скопје во постапката на легализација на дивоизградени објекти партиципира на тој начин што кога општината утврдува во законски предвидена постапка дека постојат услови тој објект да се легализира, Градот ја врши пресметката на надоместокот и поделбата на средствата.

– Таму е легализиран објект што беше долу во сутеренските простории. Само тоа било предмет на легализација. Не може да ги поистоветувате легализацијата што била извршена од страна на Општина Чаир во сутерен со овој објект или оваа грдосија што таму никнеше – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот