„Нам тоа ни е нормално“: Демјан Харли за лезбиските сцени на мајка му кои тој ги режисираше

Демјан и Елизабет Харли / Фото: EPA

Режисерот Демјан Харли (21), син на актерката Елизабет Харли (58), се осврна на лезбиските сцени на неговата мајка во филмот„Строго доверливо“ („Strictly Confidential“) што тој го режираше и рече дека „се чувствувал сосема нормално“ додека ги снимал.

„Мразам што ќе го кажам ова, но тоа беше сосема нормално за нас. Не знам што кажува тоа за нас. Разговарав со многу мои пријатели кои, исто така, се втора генерација во индустријата. Тие го велат истото: тоа се работи кои на луѓето однадвор им делуваат чудно, но тие се нормални за нас бидејќи пораснавме со нив и тоа е наше секојдневие“, изјави младиот режисер за „Сандеј тајмс“.

Исто така, тој додаде дека немало потреба од координатори за интимност на снимањето, тврдејќи дека „на сите им било многу удобно“.

Контроверзната сцена / Фото: Скриншот/Јутјуб

Режисерот вели и дека многу рано почнал да зборува за секс со мајка му и дека таа го научила дека тоа е нешто „убаво и природно“

„Но, наспроти тоа, таа не ми дозволуваше да гледам насилни сцени во филмовите“, рече тој.

Да потсетиме, филмот „Строго доверливо“ ја следи Миа, која ја игра актерката Џорџија Лок, која е вовлечена во „свет на секс, дволичност и предавство“ додека се обидува да ја разоткрие мистеријата околу самоубиството на нејзината најдобра другарка Ребека. Трејлерот на филмот ја прикажува Миа како се враќа на егзотичниот карипски остров, каде што починала Ребека, и како си ветува дека ќе ја дознае вистината за смртта на нејзината другарка.

Ликот на Елизабет Харли е заведен од Наташа, која ја игра младата актерка Пиар Чиравара.

ФОТО+ВИДЕО | Во режија на син ѝ: Згодната актерка ја покажа својата дива страна во лезбиска секс сцена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот