НАкС: Претставки против организаторите на противзаконските избори за ректор на УКИМ

Продолжувањето на активностите за избор на ректор, посочуваат оттаму,  додека траат парламентарните избори претставува грубо прекршување на Изборниот законик.

Во текот на изминатото деноноќие, на само неколку дена пред закажаните избори за
ректор на УКИМ, претседателот, членови и заменици-членови на Универзитетската
изборна комисија си поднесоа оставки. Со овие оставки се алармира јавноста за
спроведувањето на противзаконска процедура за избор на ректор на УКИМ, наведуваат во соопштение од Независен академски синдикат.

-Во текот на вчерашниот ден со соопштение до јавноста излезе Државната комисија за
спречување на корупција, во кое Комисијата изнесе повеќе правни недостатоци во
постапката за избор на ректор на Универзитетот. Согласно укажувањето на ДКСК, веднаш
по завршувањето на вонредната состојба започнуваат да важат забраните предвидени во
членот 8а од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и
судирот на интереси, со кои се забранува „да се започне постапка за вработување на нови
лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а
започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни
работи- наведуваат оттаму.

Продолжувањето на активностите за избор на ректор, посочуваат оттаму,  додека траат парламентарните избори претставува грубо прекршување на Изборниот законик.

-Затоа, Независниот академски синдикат до ДКСК ќе поднесе претставки за прекршување на Изборниот законик против деканите, директорите, членовите на Универзитетската изборна комисија, членовите на изборните комисии на единиците и/или сенаторите кои на било кој начин ќе
земат учество во понатамошната постапка за избор на ректор, вклучително и во евентуалната постапка за избор на нови членови на Универзитетската изборна комисија. Известувањето на ДКСК доаѓа по извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат- стои во соопштението.

Иако заклучоците од надзорот на ДПИ се испратени на 18 јуни, појаснуваат Синдикатот,  Министерството за образование и наука сè уште нема донесено решение со кое ќе постапи според насоките на ДПИ и ДКСК.

-Оттука, бараме од министерот за образование и наука, Арбер Адеми, да ја заштити законитоста на постапките и да донесе решение со кое ќе се стопира изборот на ректор и ќе се побара отстранување и на другите правни недостатоци во спроведената постапка. Доколку министерот Адеми не донесе соодветно решение во најкраток рок ќе сметаме дека тој се става во заштита на противзаконскиот избор на ректорот, при што со недејствување ја загрозува универзитетската автономија- велат оттаму.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот