Најубавиот празничен рецепт од Дијана Иваноска: Линцер колачи – еленчиња

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за празнично гастрономско уживање – линцер колачи – еленчиња.

– Линцер колачите се некако задолжителни овој период од годината. Овој пат во форма на еленчиња, полнети со карамел, превкусни. Ако имате мали деца може да ги правите заедно, сигурно ќе им биде забавно – порачува Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 110 г путер на собна температура
– 60 г шеќер
– 1 јајце
– 1 лажиче ванила екстракт
– 190 г брашно
– 50 г бадеми мелени
– 1/4 лажиче прашок за печиво
– прстофат сол
– 50 г карамел за полнење
– шеќер во прав за посипување
– 50 г чоколада стопена за декорација
– М&М бонбони за „носињата“ на колачите

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Путерот и шеќерот матете ги неколку минути. Додајте го јајцето и матете додека се изедначи смесата. Во друг сад измешајте го брашното, солта, прашокот за печиво и мелените бадеми.

Оформете тесто и поделете го на два дела. Расукајте ги малку, завиткајте ги во проѕирна фолија и оставете ги во фрижидер минимум еден час. Расукајте го тестото на набрашнета површина на 4,5 мм дебелина.

Сечете со поголем и мал тркалезен калап. Отворот на горните колачи треба да е малку изместен од средината.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Наредете ги колачите во тепсија обложена со хартија за печење. Печете околу 12 минути или додека краевите не поруменат малку.

Горните колачи посипете ги со шеќер во прав. Ставете по едно лажиче карамел на долните колачи. Со чоколадото нацртајте ги очите и роговите и ставете бонбони за носот на еленчето.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот