Најтежок ден за Србија: Седум жртви и 115 новозаболени во последните 24 часа

Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести, д-р Горан Стевановиќ изјави дека ова е најтежок ден за Србија, бидејќи во последните 24 часа се забележани седум нови смртни случаи од коронавирусот, а 115 новозаразени.

Стевановиќ додаде дека следните денови можеби ќе бидат уште потешки, па ја заврши прес-конференцијата за новинарите и најави дека заминува во клиниката за да помогне на своите колеги.

Банер во Белград кој ги потсеќа граѓаните да ја држат препорачаната дистанца од 2 метри растојание /31 март, Белград, Србија/ ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Бројот на заразени од коронавирусот во Србија сега порасна на 900, а вкупно починати се 23 лица.

– Оној момент кога тој број ќе почне нагло да расте, постои еден лек. Тој лек неминовно води кон запирање, прашање е на момент кога ќе биде воведен 24-часовен полициски час. Ако неколку дена по ред вака се крева бројот на заразени и починати, тогаш неминовно ќе мора да предложиме и таква мерка, рече Кон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот