Најопасното сирење на светот: Некои велат дека е афродизијак, а некои го забрануваат

Фото: LOIC VENANCE / AFP / Profimedia

Некои велат дека е афродизијак, а други дека е опасен по здравјето на луѓето бидејќи црвите во него можат да направат перфорации во цревата. Поради оваа причина, ова сирење е забрането за консумација, но, и покрај тоа, жителите на италијанскиот остров Сардинија го јадат со векови, пишува „Б92“.

Сирењето касу марзу, или во превод – гнило сирење, се произведува во една од земјите-членки на Европската Унија, но и таму е забранета неговата продажба. Може да се најде на „црниот“ пазар, по двојно повисока цена од останатите познати сирења, но казните за прекршителите се многу строги.

Инаку, ова сирење влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2009 година, како „најопасното сирење на светот“.

Како се прави ова опасно сирење?

Касу марзу се создава кога сирењето пекорино сардо, наместо да остане на ладно и темно место, се изнесува надвор и се остава на сонце, за да се изложи на муви. Сирењарската мушичка (Piophila casei) ги снесува јајцата и ларвите во неа, кои при хранењето ослободуваат киселина која ги намалува мастите и предизвикува сирењето речиси да се распаѓа. Ларвите прераснуваат во бели црви, кои во движење разградуваат протеин, правејќи богат крем-сирење. Сирењето станува многу меко, со течност што истекува, која Сардинците ја нарекуваат „солза“. Потоа се отвора врвот на сирењето, за да се извлече овој кремаст деликатес.

До моментот на консумирање, во касу марзу може да има неколку илјади црви. Некои од луѓето ги вадат црвите пред јадење, други ги мешаат сирењето и црвите, додека локалните гурмани од Сардинија имаат едно правило – за да се јаде сирењето, црвите мора да бидат живи. Треба да се напомене дека црвите можат да скокнат и до 15 сантиметри, па понекогаш е неопходно да ги држите рацете над храната за да не ви скокаат црвите кон лицето.

Оние кои имале можност да го пробаат, велат дека неговиот вкус е многу силен и дека неговиот вкус останува во устата со часови.

Фото: Johan NILSSON / AFP / Profimedia

Зошто касу марзу е опасен и дали некогаш предизвикал нечија смрт?

Според експертите, сирењето касу марзу и неговите црви можат да предизвикаат многу опасни симптоми. Откако ќе стигнат до цревата, црвите на крајот можат да создадат болни и опасни лезии. Еве некои од симптомите кои може да се почувствуваат по консумирањето на ова сирење:

гадење

акутна стомачна болка

крвава дијареа

Според познатите податоци, касу марзу никогаш не предизвикал нечија смрт. Сепак, ова не може да се потврди во целост, бидејќи ова сирење датира од античко време.

Иако неговото производство е забрането од 1960 година, ова сирење и денес може да се најде во повеќето домаќинства во Сардинија, бидејќи се смета за посебен деликатес.

Причината зошто е забрането лежи во тоа што за да се постигне посебен вкус, дозволено е мувата да ги положи ларвите во него, а таа мува „посетува“ и мрши, односно животински трупови. Затоа е запишан во Гинисовата книга на рекорди, како најопасно сирење во светот.

Фото: Robyn Beck / AFP / Profimedia

Стара сардинска култура

Сардинците со векови јадат касу марзу сирење. Иако е регистрирано како традиционален производ на островот Сардинија и затоа е локално заштитено, италијанската влада го прогласи сирењето за нелегално во 1962 година, поради законите кои забрануваат конзумирање храна загадена со паразити. Оние кои го продаваат ова сирење може да се соочат со високи казни, дури и до 50.000 евра.

Сепак, многу жители на Сардинија жалат за времето кога овој деликатес можел слободно да се конзумира и веруваат дека никој никогаш не умрел јадејќи го. Тие се надеваат дека касу марзу наскоро ќе биде легално и ќе стане симбол на Сардинија – не поради неговото необично производство, туку затоа што е симбол на стара храна, која исчезнува бидејќи не се вклопува во модерните „мејнстрим“ вкусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот