Најмалку четири мртви во силниот земјотрес на Филипините

Фото: Принтскрин

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала, што го погоди островот Минданао, во јужниот дел на Филипини, соопштија локалните власти.

Полицијата информира дека меѓу жртвите е и шестгодишно девојче кое загинало кога врз неа се урнал ѕид.

Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина повредени кога се сруши трокатната зграда, во чие приземје имало продавница. Локалните ммедиуми јавуваат дека е можно под урнатините да има уште тела.

Спасувачките операции беа привремено стопирани поради скоро 90 помали земјотреси, што следуваа по главниот потрес.

Родниот град на претседателот Родриго Дутерте, Давао Сити, исто така е меѓу погодените области од земјотресот. Портпаролот на претседателот изјави дека Дутерте и неговото семејство се „добри”.

Филипините се наоѓаат на Тихоокеанскиот огнен прстен, каде се случуваат 90 отсто од сите потреси во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот