СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ФИЛИПИНИТЕ: Загина шестгодишно девојче (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Едно шестгодишно девојче загинало откако врз него се урнал ѕид во текот на силниот зејотрес што денеска ги погоди Филипини, соопшти градоначалникот на градот Матанао, град на југот од земјата.

Во земјотресот се урнала една трикатна зграда во градот, а луѓето во паника истрачувале од продавнци, куќи и други објекти, соопштија локалните власти.

Во урнатата зграда се наоѓале една продавница и спасувачите проверуваат дали во неа има жртви или заробени лица под урнатините.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека потресот на јачина од 6,9 степени го погодил подрачјето на околу шест километри северозападно од градот Падада, на длабочина од 30 километри, во провинцијата Давао дел Сур, пренесеоа американските медиуми.

Некои градови останаа без електрична енергија, а локалните власти во градовите Даваоу и Котабату, во кои земјотресот силно се почуствувал, одлучиле утре децата да не одат на училиште, се додека надлежните служби не ја проверат стабилноста на школските згради.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот