Најмалку 884 лица починале во старските домови во Франција

epa08336113 Medical staff embark a patient infected with the COVID-19 onboard a medicalised TGV high speed train at the Gare d'Austerlitz train station in Paris, France, 01 April 2020. Two medicalised TGV high speed trains are waiting to evacuate 38 patients infected with the COVID-19 from Paris' region hospitals to other hospitals in the western France Brittany region where the outbreak has been limited so far. France has been on lockdown since March 17 in a bid to limit the contagion caused by the the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease, a situation it has extended until at least April 15. EPA-EFE/THOMAS SAMSON / POOL MAXPPP OUT

Во однос на смртните случаи во болниците, од 1 март досега, во француските болници починале 4.503 луѓе, вклучувајќи и 471 смртни случаи забележани во последните 24 часа, прецизираше Саломон.

Француските здравствени власти ги дадоа првите официјални бројки за бројот на смртните случаи во старските домови од почетокот на кризата. Според нецелосните бројки, досега починале најмалку 884 стари лица од коронавирусот,  а најмалку 14.638 лица се „потврдени или можни” случаи на заболување, јави дописикот на МИА.

Генералниот директор во француското здравство, Жером Саломон, истакна дека собирањето на податоците сè уште не е целосно консолидирано и дека има значителни разлики од еден регион до друг во овој процес. Ова е првпат властите да изнесат проценка – дури и нецелосна – за смртните случаи во сместувачките домови за зависни стари лица (Ехпад).

Во однос на смртните случаи во болниците, од 1 март досега, во француските болници починале 4.503 луѓе, вклучувајќи и 471 смртни случаи забележани во последните 24 часа, прецизираше Саломон.

Во моментов има повеќе од 26.000 хоспитализирани лица, од кои 6.399 се наоѓаат на интензивна нега (почетниот капацитети на Франција беше 5.000 кревети), или 382 повеќе за еден ден, што претставува прво намалување од понеделникот. Од 1 март скоро 12.000 луѓе ја напуштиле болницата како излечени, „бројка која се зголемува секој ден”, рече Саломон.

Генералниот директор за здравство, исто така, посочи дека е забележано зголемување на смртноста за девет отсто (во однос на периодите без епидемија) на територијата на Франција во текот на неделата од 23 до 28 март, особено во  26 департмани. Од нив дури осум се во Ил-де-Франс. Притоа тој наведе два најпогодени департмани, а тоа се , Сена-Сан Дени и Горна Рајна  во регионот Гранд Ест – без да прецизира до кое ниво стигнало зголемувањето на смртноста.

Инаку според многу сложени начини за пресметка, се смета дека од коронавирусот во Франција биле заразени малку повеќе од два милиона Французи, или три отсто од вкупното население.

-Овие проценки треба да бидат земени со голема претпазливост. Тие се засноваат на параметри што не се доволно познати, почнувајќи од стапката на смртност. Нијансата е важна, бидејќи со стапка на смртност која би изнесувала само 0,1 отсто, заради поголем број пациенти без никакви симптоми, на пример, тоа значи дека 30 отсто од француската популација во моментов би биле погодена од Ковид-19, коментира Жан-Стефан Дерсин, математичар специјализиран за моделирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот