Најмалку 170 повредени во судирите на полицијата и демонстрантите во Барселона

Најмалку 170 луѓе се повредени во судирите на каталонските сепаратисти и полицијата во близина на аеродромот во Барселона, соопштија денес каталонските власти.

Нереди избија за време на демонстрациите кои започнаа по пресудите за девет каталонски државници, кои добија од девет до 13 години затвор од Врховниот суд на Шпанија, поради нивната улога во референдумот за независност на Каталонија одржан во 2017 година.

Три особи се уапсени, а меѓу повредените има и 40 полицајци.

Вчера, илјадници луѓе излегоа на улиците, а потоа тргнаа да го блокираат аеродромот на повик на платформата „Демократско цунами“.

Откажани беа 110 летови, а управата на аеродромот соопшти дека протестите нема да влијаат врз денешниот распоред на летање.

Шпанската влада изминатите денови испрати полициско засилување и предупреди дека нема да се воздржува од користење на вонредни мерки за да ја осигури безбедност, вклучувајќи и суспендирање на автономијата на таа област, како што е направено во октомври 2017 година по обидот за сецесија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот