Најлесниот ЛЕТЕН КОЛАЧ што не се пече (РЕЦЕПТ) – Слободен печат
ЕспресоХрана

Најлесниот ЛЕТЕН КОЛАЧ што не се пече (РЕЦЕПТ)

Благодарение на овој рецепт секогаш ќе имате со што да се засладите, без да треба да вклучувате шпорет.

Колку и да е топло, не можеме да и одолееме на желбата за некој вкусен десерт, особено ако е домашен.

Благодарение на овој рецепт секогаш ќе имате со што да се засладите, без да треба да вклучувате шпорет.

Потребни состојки:

1 кг бисквити (најдобро од типот на плазма)
1 л јогурт
50 гр шеќер во прав
500 гр шумско овошје по желба (малини, капини, боровинки…)
300 мл хопла
Малку путер

Подготовка:

Во поголем сад ставете ги искршените бисквити. Ставете го јогуртот и мешајте. Додадете го овошјето и шеќерот во прав и добро соединете.

Тава за печење подмачкајте ја со путер. Сипете ја смесата со бисквити. Оставете во фрижидер преку ноќ. Декорирајте со изматена слатка павлака.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close