Најголемaта печатница за пари останува без пари

Компанија која печати банкноти за Велика Британија и валути за 140 други земји издаде предупредување за можен банкрот, во кое се наведува дека постои „сериозно сомневање“ за нејзината иднина.

„De La Rue“, која постои 198 години, печати пари за Банката на Англија од 1860 година.

Фирмата дизајнираше 36 проценти од сите валути во оптек, според инвестициската фирма „Едисон груп“.

„De La Rue“ се бори изминатите две години, откако го изгуби договорот од 400 милиони фунти за изработка на британските пасоши, а кој го доби нивниот француски конкурент. Исто така, беа погодени од еден потег каде беа заобиколени материјалните пари, како што се трансфери преку Интернет или безконтактно плаќање. Само минатата недела, компанијата изгуби 20 проценти од својата вредност.

Ако компанијата не преживее, нејзините 2.500 работници ќе бидат изложени на ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот