Најголем раст на новозаболени од ковид-19 кај младите од 20 до 29 години

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години.

Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8. Регистрирани се 415 оздравени пациенти, а десет лица починаа.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Досега во земјата се направени вкупно 1 390 369 тестирања на ковид-19.

Со ова, вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 203 298. Бројот на оздравени пациенти е 189 264, на починати е 7159. Има вкупно 6875 активни случаи.

Најголемо зголемување на новозаболени од ковид-19 за периодот од 25 до 31 октомври има во возрасната група од 20-29 години, а тоа е 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во наведениот период тестирани се 20 976 материјали, со намалување од 2,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 2804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 9,9 до 16,0 проценти, просечно 13,2 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1519 (54,2 отсто) лица од женски и 1285 (45,8 отсто) од машки пол.

Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје – 18.

Најмногу од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години – 5, од 40 до 49 години – 5, од 30 до 39 години – 2 и од 10 до 19 години – едно лице.

Со статус оздравени се стекнале 2205 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Заклучно со 31 октомври, вакцинирани се вкупно 812 422 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани, со две дози, се вкупно 778 599 лица, а со трета доза се вакцинирани 30 851 лица.

Извор: МИА

САД почнува со вакцинирање против ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот