Најевтините мали автомобили на белградскиот Саем чинат околу 20.000 евра

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Портите на Саемот за автомобили официјално се отворени за посетителите, а да се најдат автомобили по пристапни цени не е лесна работа, бидејќи цените „откачија до небо“, па дури и некои мали градски автомобили чинат повеќе од 20.000 евра, додека пред само неколку години беа под 10.000 евра, пренесува екипата на Нова рс.

Може да се најде прилично евтин модел за денешните економски услови, додека за другите тешко дека може да се каже дека се евтини. Доколку сакате да купите автомобил по прифатлива цена, овогодинешниот автосалон не е ниту време ниту место за тоа, бидејќи нема попусти. Од друга страна, ако сте издвоиле сума до 20.000 евра, има избор кој не е голем, но за овие пари можете да купите градски автомобил, па дури и кросовер. Сепак, треба да се напомене дека цените се само за изложените модели.

Меѓу десетте мали автомобили се Фиат Панда – 12.950 евра, кој е убедливо најевтин на овогодинешниот Саем. Следи Фиат 500 Долчевита– 16.090 евра, следи Oпел Кросленд – 17.470 евра, па Дачија Сандеро Степвеј – 17.560 евра, Сузуки Ињис – 18.000 евра. Следен на листата е Ситроен Ц3 – 18.190 евра, па Kиа Стоник – 18.389 евра, Рено Клио – 18.580 евра, Опел Корса-19.190 евра и последна е Toјота Ајго – 19.400 евра.

Сè на сè, кој сака да купи автомобил за време на саемот нема да биде евтин, па можеби е подобро да почека подобро време за да земе нов автомобил. Инаку, на првиот ден од Меѓународниот саем за автомобили, инспекторите од Даночната управа затворија неколку штандови поради нерегистрирање на промет, односно неиздавање фискални сметки, јави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот