Најдобрите македонски ракометари се во Диселдорф и тренираа пред првиот меч на ЕП 2024

фото: instagram.com/macedonianhandballfederation

Најдобрата македонска ракометна репрезентација пристигна во Германија, поточно во Диселдорф каде што в среда од 18.00 часот во „Меркур Шпил Арена“ во рамките од групата „А“ ќе го има првиот натпревар против Франција на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе го одработија и првиот тренинг пред настапите во прелиминарната фаза во која ќе ги одмерат силите и против Германија и Швајцарија.

Подготовките пред да отпатуваат за Диселдорф, нашите најдобри ракометари ги имаат во Стара Пазова и Скопје.

Покрај тренинзите, беа одиграни и три контролни мечеви во кои триумфиравме, еднаш против Црна Гора и два пати над Грција, кои исто така се учесници на ЕП.

Инаку, Лазаров во својот национален тим за дуелите на Европското првенство повика 18 играчи.

фото: принтскрин/instagram.com/macedonianhandballfederation

ФОТО: Стадионот во Диселдорф на кој ќе играат македонските ракометари подготвен за спектакл и историја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот