Најдобар лек за сѐ: Зошто пешачењето е важно ако сакате да ослабнете?

Фото: Профимедиа

Во нашата природа е веќе во првите месеци од животот да тежнееме кон одење, а токму затоа пешачењето е најприродната форма на движење.

Освен тоа, важно е да знаете колку пешачењето, па дури и да трае 10 минути, влијае на здравјето.

Одењето може да го промени начинот на кој некои делови од мозокот комуницираат и координираат меѓусебно, а тоа ја подобрува и функцијата на помнењето.

Со цел да се подигне свеста на целата јавност за важноста на редовната физичка активност за зачувување и подобрување на доброто здравје, Светската здравствена организација (СЗО) покрена глобална иницијатива на 10 мај 2002 година за да го прослави Светскиот ден на движењето, односно физичката активност.

Зошто е добро пешачењето?

1. Штити од деменција

Пешачењето го подобрува протокот на крв и го намалува ризикот од васкуларни заболувања и штити од деменција. Исто така, редовното вежбање е еден од најдобрите начини за спречување на Алцхајмерова болест.

2. Го подобрува расположението

Пешачењето влијае на расположението, а може да биде и помошен метод во борбата против депресијата. Активноста го зголемува нивото на ендорфин и ви помага да се ослободите од насобраниот стрес. Луѓето кои страдаат од депресија, кои пешачеле помеѓу 30 и 45 минути пет пати неделно пријавиле значително подобрување во нивната психичка состојба, покажало истражувањето спроведено во Португалија.

3. Го намалува ризикот од мозочен удар

Одењето го намалува високиот крвен притисок, кој е еден од најважните фактори на ризик за мозочен удар.

4. Го подобрува сонот

Ако страдате од несоница или прекини во спиењето, воведете го пешачењето како секојдневна рутина. Пешачењето поволно делува на сонот, но и на нашите интелектуални способности.

5. Ја контролира тежината

Редовното вежбање спречува да добиете непотребни килограми, но и да ги изгубите вишокот. Додека сте активни, калориите се губат. Одлично е ако можете редовно да одите во теретана, но не грижете се ако не можете да вежбате секој ден. За да ги искористите придобивките од вежбањето, бидете креативни во секојдневните активности. На пример, наместо да одите со лифт, користете ги скалите.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот