Најбогатото семејство на светот заработува 70.000 долари во минута
Кога ќе завршите со читањето на четвртиот пасос од овој текст, најбогатото семејство во светот ќе биде побогато за уште 70.000 долари.
Tоа значи дека за еден час ќе инкасираат дури 4,2 милиони долари, а во исто време утре ќе бидат побогати за 100 милиони долари.
Семејството Волтон, сопствениците на најпознатиот американски малопродажен ланец „Walmart“, располагаат со нешто повеќе од 190 милијарди долари. Тоа е за 39 милијарди повеќе отколку во јули минатата година.
Помеѓу членовите од семејството Волтон најбогат е Џим со богатство проценето на 48,8 милијарди долари, а веднаш зад него е неговиот брат Роб (48,8 милијарди долари), а потоа е сестрата Елис (48 милијарди долари).
Лукас Волтон, синот на третиот брат Џон, кој почина во 2015. година, располага со богатство вредно 16,7 милијарди долари.
Ен Волтон Кроенк и Ненси Волтон Лори, ќерката на ко-основачот на Волмарт, Бад Волтон, „тешки“ се двете по околу шест милијарди долари. Како и Кристи Волтон, вдовица на Џон Волтон.