Наградата „Боро Митриќески“ ја доби скулпторот Сашо Саздовски

Фотографија: ДЛУМ

Изложбата со наслов „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 23 март до 1 април е поставена во Уметничкиот центар „Арт хаб“ (ГТЦ, 2 кат, локал 306) во Скопје.

Изложбата е дел од програмските активности на ДЛУМ и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамките на современата скулптура.

Поставката ја сочинуваат 22 дела од 19 автори: Гордана Петрова, Димитар Филиповски, Нела Јанковска, Стефан Јакимовски, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Озбет Ајваз, Марјана Костојчиновска Узунчева, Златко Бојковски, Анѓел Димовски Чауш, Тања Миљоска, Душан Ѓоргиевски, Ненад Тонкин, Синиша Новески, Сашо Саздовски, Маја Танева и Никола Смилков.

Тематската изложба „Современа скулптура“ на ДЛУМ е поставена во „Арт хаб“ во ГТЦ

Во чест на наградата „Боро Митриќески“, поставено е и дело на еден од доајените на современата скулптура, Боро Митриќески, а во изборот е вклучено и дело на керамичарот Боро Новаковски.

Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, а оваа година добитник е скулпторот Сашо Саздовски.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и во соработка со Уметничкиот центар „Арт хаб“ во ГТЦ, Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 172, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26.3.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот