Надал ја прекина 19-годишната низа на Федерер како најпопуларен тенисер на годината

EPA-EFE/Isaac Esquivel

Шпанецот годинава првпат ја освои наградата „Фаворит кај фановите“ што ја доделува АТП и со тоа ја прекина низата на Швајцарецот кој оваа награда ја добиваше претходните 19 години

Рафаел Надал го комплетира целосниот сет на АТП награди откако годинава првпат ја освои наградата „Фаворит кај фановите“ ставајќи крај на доминацијата на неговиот голем ривал Роџер Федерер. Швајцарецот ја добиваше оваа годишна награда во последните 19 години, а сега не е во конкуренција затоа што испадна од АТП ранг-листата.

Надал ја освои оваа награда првпат, со помош на гласовите од тениските фанови од целиот свет во конкуренција на најдобрите 25 играчи во сингл. Всушност, откако наградата беше воведена во 2000 година, само четворица играчи ја освоија бидејќи Густаво Куертен беше инаугуративен добитник, Марат Сафин ја освои во 2001 и 2003 година пред Федерер да го преземе приматот.

– Среќен сум што ја добив оваа награда. Тоа ме прави да се чувствувам одлично. Не можам доволно да ви се заблагодарам на сите за поддршката не само за оваа награда, туку во исто време и за сета поддршка што ја добивам во секој поединечен град и настан ширум светот – рече 22-кратниот победник на грен-слем турнирите.

Надал ја започна годинава со серија од 20-0. Неговата победа на Австралија опен го направи првиот човек кој освоил 21 грен-слем турнири, а потоа ја освои и 22. грен слем титула со победата на Ролан Гарос во јуни.

Надал (36) ја заврши својата сезона со ефект од 39-8 победи-порази и беше број два на крајот на годината, зад Карлос Алкараз.

Со оваа награда Надал ги има освоено сите годишни награди што ги доделува АТП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот