Надал: Австралија Опен е голем турнур, со или без Новак

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ и неговата „војна“ со австралиските власти кои два пати му ја укинаа визата, е главна спортска вест број еден во светот коија предизвикува реакцуу од сите страни, а една од нив е и на Рафаел Надал кој смета дека Австралија Опен е поважен од било кој играч.

Надал кој се подготвува за настап на првиот годинешен гран слем турнир во Мелбурн, беше запрашан дали Австралија Опен ќе биде поинаков со или без Новак Ѓоковиќ.

– Ќе ви кажам една работа, јасно е еден Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сие времиња и во тоа нема сомнеж. Но, не постои тенисер кој е поважен од еден турнир, зарем не? Играчите доаѓаат и си одат, но доаѓаат нови. Никој, дури ни Рожер, Новак, јас или Бјорн Борг не е поголем од овој турнир. Тенисот продолжува понатаму, Австралија Опен е многу поважен од било кој тенисер. Доколку Новак игра, тоа е ОК, а доколку не игра Австралија Опен и понатаму ќе биде голем турнир. Тоа е мојот став – изјави Надал.

Шпанецот беше запрашан и дали случајот на Ѓоковиќ со австралиските власти ќе ја промени перцепцијата на српскиот тенисер во светот и неговиот имиџ.
– Не знам, на некој начин тоа останува на Новак. Јас немам ништо со тоа, му посакувам сè најдобро. За време на целата кариера имам добар однос со Новак, направивме големи и важни работи за тенисот, за нашите фондации во хуманитарни цели. Работевме заедно кога лоши работи се случуваа тука во Австралија или низ целиот свет. Но, во овој случај мислам дека има многу прашања на кои Новак треба да даде одговори. Го почитувам Новак и како спортист и како личност и му посакувам се најдобро иако не сум согласен со некои работи кои ги направи во последните неколку недели – вели Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот