Над 400 полицајци во Грција се заразени со ковид-19, тројца од нив ја изгубија битката со вирусот

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

За само неколку дена, тројца полицајци од различни служби во три града во северниот дел на Грција ја загубија битката со ковид-19, иако се на возраст меѓу 50 и 55 години и немале здравствени проблеми, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, коронавирусот е раширен меѓу полицајците во целата земја, заразени се над 400 лица, а телевизијата „Мега” објави дека 29 се веќе хоспитализирани.

Истовремено, во изминатите денови потврдени се и 57 позитивни случаи на Ковид-19 во две касарни во грчките градови Триполи и Јанина.

За војниците заразени со коронавирусот во касарните постојат специјални изолирани простории.

Според медиумите од Крит, вчера во фрегата од грчката воена морнарица во воената база на островот, биле потврдени десет случаи на Ковид-19 и во карантин, во фрегатата се сите членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот