Над 160 повредени во протестите во Бејрут (ВИДЕО)

ФОТО: Принтскрин/Twitter

Над 160 луѓе се повредени денеска во протестите во Бејрут, Либан, откако безбедносните сили употребија солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите во близина на либанскиот парламент.

-Над 65 луѓе се однесени во болниците, додека над 100 добиваат помош на лице место, изјавил портпаролот на Црвениот крст, додавајќи дека меѓу повредените има припадници на безбедносните сили.

Во Либан избија масовни насилни протести против владејачката елита. А претседателот денеска нареди војската да излезе на улиците за да воспостави ред во државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот