На топлово време се што ви треба е новиот уред на Sony (ВИДЕО)

Јапонската компанија Sony наскоро во продажба ќе пушти „bluetooth“ уред наречен Reon Pocket, кој претставува џебен „клима уред“ чија намена е во текот на топлото време да го разладува своите корисници.

Уредот е со големина на платежна картичка и е тежок само 85 грама и не се забележува додека корисникот го носи. Тој испушта ладен воздух, а се носи на задната страна од кошулата или маицата. Покрај тоа, Reon Pocket во текот на зимата може да се користи и за греење.

Уредот се поставува на вратот, во посебен џеб на задната страна од облеката. Со „bluetooth“ врска е поврзан со телефонот, а корисникот го котролира преку мобилна апликација.

Од Sony велат дека нивната „џебна клима“ може да го разлади корисникот и до 13 Целзиусови степени, во однос со надворешната температура. За време на ладните денови температурата се подигнува до 8 степени.

Прочитајте и...  Османи: Најголемиот проблем во моментов е тоа што доминираат лажните вести

Температурата се регулира рачно со телефонот, а наскоро ќе биде воведен и автоматски начин на работа. Уредот има неколку начини на работа кои може да се прилагодат според желбата на корисникот.

„Климата“ се напојува со батерија која трае и до 24 часа, а се полни за нецели два часа. Reon Pocket засега ќе биде достапен само во Јапонија, по цена од 95 до 140 евра.

Прочитај повеќе

Контроверзни родители открија како ги одгледуваат децата: Мајката ги дои до шестата година и не одат на училиште

Слободен Печат

Експрес кифли: Брзо и вкусно, нема да можете да им одолеете!

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 05.06.2020: Стрелецот ќе има болки во грбот, а Девицата ќе успее во своите намери

Слободен Печат

Виц на денот: Свадба

Слободен печат

Ѕвездата од серијата „Бубалици“ призна дека никогаш не ја гледала серијата и дека имала мали „чудни“ ритуали

Слободен печат

Двејн Џонсон му се обрати на Доналд Трамп: Каде се наоѓаш, каде е нашиот лидер да пружи рака на скршената држава? (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мета – американскиот милијардер: Оваа „дипфејк” снимка го преплави интернетот во Русија (ВИДЕО)

Слободен печат

Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Принцот Чарлс: Се извлеков, имав голема среќа

Слободен печат

Најжешкиот танц на Анастасија Ражнатовиќ досега: Новопечената тетка замеша со задникот! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја загуби битката со ракот – Почина во домот на најдобрата пријателка

Слободен печат

Беквалац го одржа првиот настап по пандемијата: На публиката и приреди ноќ за паметење! (ВИДЕО)

Васко Спасоски