„На точак“: Градските и општинските власти да ги чистат пешачките и велосипедските патеки подеднакво ревносно како што ги чистат коловозите

Со оставање на снегот на патеките се отежнува движењето на ранливите учесници во сообраќајот и се зголемуваат шансите да бидат удрени од моторните возила

Снегот кој утрово падна во Скопје им го отежна движењето на пешаците и на велосипедистите поради ненавременото чистење на снегот од пешачките и од велосипедските патеки на повеќе локации во главниот град.

Кога гледаме исчистени коловози, а пешачки и велосипедски патеки со снег, се прашуваме кое превозно средство го фаворизираат градските власти? Посебно кога се гледа дека не се чистат пешачките острови на локација на која секојдневно настрадуваат пешаци и велосипедисти поради возачи на коли кои не го почитуваат пешачкиот премин и семафорот. Со оставање на снегот на патеките се отежнува движењето на ранливите учесници во сообраќајот и се зголемуваат шансите да бидат удрени од моторните возила – велат од „На точак“.

Велосипедистите меѓу другото велат дека очекуваат градските и општинските власти да ги чистат пешачките и велосипедските патеки подеднакво ревносно како што ги чистат коловозите.

А ако сакаат да направат град безбеден за сите учесници, очекуваме дури и да ги исчистат патеките за пешаци и велосипедисти пред да ги исчистат коловозите – заклучуваат од „На точак“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот