На пратеничкото место на Весел Мемети доаѓа жена

Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на седница.

Таа е поранешна заменик-министерка за надворешни работи во периодот по формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев до крајот на декември 2017 година.

Откако Државната изборна комисија денеска ќе го потврди мандатот на Точи Алијансата на Албанците во Собранието ќе има тројца пратеници, Зијадин Села, Сурија Рашиди и Арта Точи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот