На полноќ истекува рокот за аплицирање за мерката 14.500 денари

На полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април годинава во износ до 14.500 денари месечно по вработен. Аплицирањето за оваа владина мерка за поддршка на најпогодените компании од кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 почна на 1 мај, а досега барање поднесоа над 19.000 компании.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера упати апел до сите компании кои ги исполнуваат условите за мерката за поддршка на платите, да аплицираат за добивање помош и нагласи дека очекува тоа да го направат голем број од нив.

-Во изминатите два месеца како резултат на негативните последици кои ги предизвика коронавирусот КОВИД-19 врз економијата, Владата донесе низа мерки за поддршка на најпогодените компании, но и за најзагрозените граѓани. Дека мерките се фокусирани да ги дадат најдобрите резултати врз економијата  покажува и големиот интерес на компаниите и граѓаните за нивното користење. Радува што заклучно со денеска над 19.000 компании поднеле барања за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, рече Бектеши на вчерашната прес-конференција во Владата.

Со оваа мерка, како што нагласи, се овозможува континуитет на работните процеси и се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси при што се создаваат сериозни услови за да се зачуваат работните места.

Барање за финансиска поддршка – образец БФП-ИП се поднесуваат до Управата за јавни приходи преку системот е-даноци, најдоцна до 7-ми мај, за исплата на платите за април, односно до 7-ми јуни за исплатата на платите за мај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот