На поинаков начин: Рецепт за полнети пиперки со песто

Фото: Pexels / Ana Palade

Клучната состојка на ова јадење е пестото, кое не само што му дава многу одличен вкус, туку и убаво ја врзува смесата со која ќе ги наполните пиперките. Вкусовите на печените пиперки, пилешко месо, песто, киноа и топено сирење совршено ќе се вклопат во овој брз и лесен ручек. Потребни ви се само петте наведени состојки за овој здрав оброк полн со вкус.

Не можете да погрешите во ниту еден чекор од подготовката, а најкомплицираниот дел е сечењето на пилешкото. Овој рецепт е идеален за неделно планирање бидејќи можете да користите варено или печено пилешко. Послужете ги пиперките полнети со пилешко, киноа, песто и сирење со тост леб или печен компир или сладок компир.

Состојки:

– 6 пиперки (по две црвени, жолти и зелени)
– 2 парчиња пилешки гради, варени или печени и исечкани на парчиња
– 180 грама моцарела изрендана
– 185 грама киноа, варена
– 175 грама песто

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Измијте ги пиперките и ставете ги на парчиња на плех додека не почнат да се потпекуваат.

Извадете ги од рерна и оставете ги на страна. Намалете ја температурата на 175 степени Целзиусови.

Во сад измешајте го сечканото пилешко со 2/3 од сирењето, пестото и киноата. Исечете ги пиперките на половина и извадете ги семките. Секоја пиперка наполнете ја со смесата и посипете ја со сирење.

Печете 10 минути и послужете веднаш, со прилог по ваш избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот