На одмор преговорите за законот за попис

Попис фото МИА

Пред два дена преставници на ВМРО-ДПМНЕ и Заводот за статистика имале нова средба за предлог-законот за попис со кој се предвидува наредната година да се спроведе попис на населението и на домаќинствата. Следната средба се договориле да биде на крајот на месецот.

Претставниците на Заводот за статистика велат дека средбата поминала во позитивна атмосфера, и дека очекуваат на следната, која треба да се случи на крајот на месецов, да се постигне и конечен договор за предлог-законот. На наредната средба се очекува да бидат присутни и преставници на сите парламентрани партии, за да може и тие да го искажат својот став. Таа би се одржала најрано на 28 август.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак со поинаков впечаток.

– Разочарани сме од тоа што власта покажува неподготвеност да ги прифати нашите барања. Најголеми разидувања има околу транспарентноста на процесот и проширувањето на факторите за кои ќе се прибираат податоци  – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција ги соопшти своите барања во врска со пописот минатиот месец. Меѓудругото, тие предлагаат и  да се одложи пописот како и да се формира посебно тело кое ќе го води процесот, што не беше прифатливо за власта.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот