На новиот плоштад во Пинтија ќе има пешачки патеки, зеленило и детско катче

Фото: Општина Кисела Вода

Во населбата Пинтија во Кисела Вода во тек се градежни активности за изградба на нов плоштад. Од Општината очекуваат кога ќе завршат градежните работи овој простор да биде место за одржување на многу манифестации во иднина.

 Едно запуштено место од минатото кое беше неубава слика, го уредуваме во простор за уживање на жителите од овој дел на општината. Новиот плоштад го уредуваме со пешачки патеки, урбана опрема и парковско зеленило, а нашите најмлади жители ќе добијат и детско катче за непречено да течат нивните игри и дружење – рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кои направи увид во градежните работи на новиот плоштад.

Тој потсети дека во населбата деновиве е започнато поставување на фекална канализација, која е децениско барање на жителите, реконструирани се и улици во овој дел, со цел Пинтија да биде модерна населба каква што заслужуваат граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот