„На мозокот му треба месо“: Докторка од Харвард тврди дека производите од животинско потекло се важни

Фото: YAY Media AS / Alamy / Alamy / Profimedia

Месото е неопходно за одбрана од депресија и анксиозност, тврди нутриционистот и психијатар од Харвард, д-р Џорџија Еде.

И покрај зголемениот број на вегетаријанци и вегани во последниве години, таа тврди дека откажувањето од месо може да биде штетно за менталното здравје.

– На мозокот му треба месо. Слушаме дека месото е опасно за нашето целокупно здравје, вклучувајќи го и мозокот. Растенијата навистина го хранат и го штитат мозокот, но вистината е дека и месото ни треба – рекла таа за радиото КИРО њус.

Д-р Еде вели дека важноста на месото не е поврзана само со неговата содржина на протеини.

– Сите други хранливи материи што се наоѓаат во месото се многу поважни. Можете да ги задоволите вашите потреби за протеини со друга храна која се наоѓа во вегетаријанската или веганската исхрана, но многу други основни хранливи материи е тешко, понекогаш и невозможно, да се добијат од растенијата – вели д-р Еде.

Протеините се состојат од хемикалии наречени аминокиселини кои ги градат и поправаат мускулите и коските. Иако производите од животинско потекло како јајцата, месото, сирењето и грчкиот јогурт се богати со протеини, тие можат да се најдат и во веганските опции како леќата и брокулата.

Таа истакнува дека месото е „единствената храна која ги содржи сите хранливи материи што ни се потребни во вистинската форма и воедно е најбезбедната храна за нивото на шеќерот во крвта и инсулинот“.

Овие хранливи материи вклучуваат витамин Б12, омега-3 масни киселини, цинк, холин, железо и јод.

Витаминот Б12, на пример, помага во создавањето црвени крвни зрнца и ДНК богата со кислород. Меѓутоа, тоа е исто така поврзано со регулирањето на серотонинот кој го крева расположението, а ниските нивоа на серотонин се поврзани со зголемен ризик од депресија и анксиозност.

Студијата од 2019 година сугерира дека недостигот на витамин Б12, кој е почест кај веганите, може да го зголеми ризикот од мозочен удар. Неговото отсуство го инхибира отстранувањето на протеините од крвотокот, што доведува до воспаленија, што за возврат ја зголемува веројатноста за оштетување на крвните садови. Ова е клучен фактор на ризик за мозочен удар, пишува „Дејли мејл“.

На возрасните им требаат околу 2,4 мг витамин Б12 дневно за нормално функционирање, според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот