На Галапагос е откриен досега непознат и целосно зачуван корален гребен

Галапагос/ Фото Handout / AFP / Profimedia

Научна експедиција откри нов, досега непознат корален гребен со богат морски живот кој се протега на околу два километри во близина на еквадорските острови Галапагос, соопшти Министерството за животна средина на земјата.

„Научната експедиција го откри првиот целосно недопрен корален гребен на врвот на морската планина на длабочина од 400 метри, долга приближно два километри“, објави на „Твитер“ министерот за животна средина Хозе Давалос. „Галапагос повторно нѐ изненадува!“

Досега, научниците веруваа дека само еден гребен во близина на Галапагос успеал да ги преживее временските настани на Ел Нино од 1982 и 1983 година, кога беа уништени бројни корални гребени. Станува збор за гребенот Велингтон, кој се наоѓа покрај брегот на островот Дарвин, но новото откритие укажува дека околу 50 проценти од живите корали преживеале на новооткриениот гребен.

„Глобално, ова е многу важно откритие имајќи предвид дека многу корални системи се уништени“, рече Стјуарт Бенкс, поморски научник од Фондацијата Чарлс Дарвин, кој учествуваше во експедицијата.

Тој истакнува дека новооткриениот корален гребен е стар најмалку неколку илјади години. Минатата година оваа јужноамериканска земја го прошири морскиот резерват Галапагос за уште 60.000 квадратни километри, а претходно беше проширен за 138.000 квадратни километри.

Целта на проширувањето е да се заштитат загрозените миграциски видови меѓу Галапагос и островите Кокос во Костарика. Галапагос, архипелагот кој беше инспирација за Дарвиновата теорија за еволуција, е дом на бројни загрозени животни, како што се џиновски желки, албатроси и корморани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот