На денешен ден – 12 август

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм
  1. Роден е Кристоф Вилхем Хуфеланд, германски лекар. Станал познат по делото „Макробиотика“, објавено во 1796 година, кое било преведено речиси на сите европски јазици и на кинески. Според тоа дело е наречена науката за зачувување и за одржување на здравјето. Умрел во Берлин, во 1836 година.
  2. Основано било македонското Лекарско здружение.
  3. Во Цирих умрел Томас Ман, германски писател. Негови најзначајни дела се „Бунденброкови“, „Доктор Фауст“, „Волшебниот рид“ и други. Во 1929 година ја добил Нобеловата награда за литература, а во 1949 година Гетеовата награда. Роден бил во Лајпциг, на 6 јуни 1875 година.
  4. Во Грција бил пуштен во сообраќај мостот Рио-Антирио, најдолгиот висечки мост на челични јажиња во светот, кој го поврзува полуостровот Пелопонез со остатокот на грчкото копно, долг 2.250 метри.
  5. Севернокорејскиот прв вицепремиер Чое Јонг-гон бил погубен поради изразување незадоволство со политиката на лидерот Ким Џонг-ун. Наредбата за неговата егзекуција била издадена во мај лично од севернокорејскиот лидер. Како причина за стрелањето на Чое се наведувала неговата критика кон политиката на раководството во Пјонгјанг во областа на шумското стопанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот