На 56 години сака да студира: Милионер веќе 27 пати не успева да го положи приемниот испит

Фото: Profimedia/ Handout / AFP / Profimedia

Тврдоглавиот милионер Лианг Ши (56) од Сечуан, се пожалил дека веќе 27 пати не успева да го положи приемниот испит на посакуваниот универзитет, пишува „Би-би-си“.

Поранешниот работник во фабрика, иако достигнал голем успех со својот бизнис во трговијата со градежен материјал, неостварена желба му била да заврши високо образование.

На последниот испит, тој успеал да освои 424 поени од максимални 750 поени, што е за 34 поени помалку од минималниот услов потребен за прием на факултет.

Во текот на оваа година, околу 13 милиони ученици се пријавија за приемните испити во Кина, но Лианг беше тој што го привлече вниманието на јавноста.

Тој уште од 1983 година се обидувал да го положи приемниот испит, но секогаш завршувал со неуспешни резултати.

„Си велев, верувам во себе дека ќе успеам, но по последниот пораз навистина сум разочаран. Жал ми е што не успеав затоа што желба ми беше да станам интелектуалец“, рекол бизнисменот.

На приемниот испит, познат како „гаокао“, кој е исклучително тежок, матурантите полагаат тестови по кинески јазик, математика, англиски јазик и наука.

Инаку, процесот на приемените испити на универзитетите во Кина е толку сериозен, што полицијата често се распоредува за да го одржува редот на патиштата и во ушилиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот