На 49 години повикан да брани во репрезентација

Мартин Смит, водоинсталер од Ипсвич  се најде во центарот на вниманието на англиската јавност бидејќи доби репрезентативен повик иако има 49 години. Смит доби повик од репрезентацијата на Британските Девствени острови неколку денови по натпреварот од хуманитарен карактер кој го организираше милијардерот сер Ричард Брансон.

Смит беше дел од репрезентацијата во квалификациите за Конкакаф Лигата на нации. Тој беше на клупата за резервни играчи, а доколку влезеше во игра тогаш ќе станеше втор најстар фудбалер кој го играл за некоја репрезентација. Тој рекорд го држи Жорж Веа кој минатиот септември со 51 година и 345 дена настапи за Либерија.

– Навистина уживав иако фудбал не сум играл 15,20 години. Една недела по хуманитарниот натпревар добив повик од селекторот на Британските Девствени острови. Еден од голманите го повредил рамото и селектор ме праша дали сакам да го заменам, ми требаа 12 секунди да одговорам – изјави Смит за Би-Би-Си.

Британските Девствени острови се група острови во Карипското море во близина на Порторико и на нив живеат 22.000 жители кои се сметаат за британски државјани. Секој граѓанин со британски пасош има право да настапува за репрезентацијата доколку ги задоволува условите за престој.
Смит ги исполнува тие услови, оти пред пет години се пресели на Бахамите и потоа доби работа како главен водоинсталатер на приватниот остров на сер Ричард Брансон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот