На 23 години: Грчки инфлуенсер загина во Италија, паднал во бездна снимајќи содржина за социјалните мрежи

Фото: Инстаграм/Џорџи „Цане“ Џанелиџе

Грчкиот фитнес инфлуенсер Џорџи „Цане“ Џанелиџе (23) починал во средата откако паднал во бездна додека снимал содржина на социјалните мрежи во Италија, пишува „Пипл“.

Според грчкиот медиум „Етнос“, несреќата се случила за време на неговата посета на Рогуди Векио, Калабрија, античко планинско село напуштено во седумдесеттите поради силна поплава. Додека стоел на балкон без ограда, се лизнал и паднал во провалија.

И покрај напорите на пожарникарите, кои веднаш излегле на местото на настанот, тие не успеале да го спасат. На крајот биле повикани хеликоптери да го извлечат неговото тело поради длабочината на клисурата. Оттаму, неговото тело било пренесено во градот Салин Јониче, каде што било предадено на властите.

Фото: Инстаграм/Џорџи „Цане“ Џанелиџе

Пријателот на Џанелиџе, Крис Когијас, кој бил со него патувањето, ја потврди веста за смртта.

„Цане повеќе не е со нас. Тој не остави вчера попладне за време на патувањето во Италија. Да се помилиме за неговата душа и нека почива во мир“, изјави Когијас, кој исто така е влијателен на социјалните мрежи.

Џанелиџе, кој е роден во Грузија, но живеел во Грција, има над 100.000 следбеници на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот