МЗТ Скопје декласиран во првиот финален меч

Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз од Приморска на отворањето на финалната серија во АБА 2 лигата која се игра за пласман во најквалитетното балканско натпреварување.
МЗТ Скопје загуби со убедливи 22 поени разлика (93:71) од Приморска.

„Металците“ речиси во текот на целиот натпревар беа во негатива и го бркаа резултатот, но ниту еднаш не успеаја да го загрозат водството на Приморска кое беше стекнато по само десет минути игра (28;19).

Најдобар играч на натпреварот беше Кристофер Харис со 24 поени, додека Маријан Чакарун постигна 16 поени. Во редовите на МЗТ Скопје се истакнаа Иве Иванов со 13 поени и Андрија Бојиќ кој постигна 12 поени.

Вториот меч меѓу Приморска и МЗТ Скопје е закажан утревечер од 20:00 часот, а потоа следат два натпревара во Македонија, во СЦ „Јане Сандански“ во финалната серија која се игра до три добиени натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот