МВР достави одговор до АВМУ: Боки 13 не бил обезбедуван од полициски службеници

Фото: Слободен печат

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) продолжува со постапката за утврдување на фактичката состојба за можното тајно содружништво во 1 ТВ.

„Во насока на заштита на јавниот интерес и за расветлување на случајот од регулаторен аспект, очекуваме соработката со релевантните институции да биде на високо ниво“, се наведува во соопштението од АВМУ.

АВМУ денеска извести дека Министерството за внатрешни работи (МВР) доставило одговор во врска со барањето за информација дали лицето Бојан Јовановски било обезбедувано од ова министерство како сопственик на 1 ТВ.

„Во одговорот е наведено дека МВР нема преземено никакви мерки и активности за обезбедување на наведеното лице, врз основа на што и воопшто не се ангажирани полициски службеници за негово лично обезбедување“, се наведува во одговорот од МВР.

Агенцијата продолжува со постапката за утврдување на фактичката состојба за можното тајно содружништво во 1 ТВ, поради што се обрати и до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Информации ќе бидат побарани и од други институции, се додова во соопштението на АВМУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот