Мустафа свика состанок на претседателството на ЛДК пред конститутивната седница на косовското Собрание

Фото: МИА

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа свика состанок на партиското Претседателство, пред денешната конститутивна седница на новиот состав на Собранието на Косово, која е закажана за попладнево во 15 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Партијата соопшти дека на медиумите ќе им биде дозволено снимање пред почетокот на состанокот, а подоцна ќе биде издадено соопштение.

Мустафа го свика состанокот на раководството на ЛДК откако вчера лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде нов премиер откако неговата партија победи на октомвриските избори, преку видео-порака објави дека ВВ и ЛДК не успеале да се договорат за формирање заедничка влада.

На оваа изјава Мустафа синоќа одговори дека за него и неговата партија преговорите со ВВ не се пропаднати и дека „стратегијата на Самоопределување во јавноста да обезбеди епитет на страна која во преговорите е принципиелна и великодушна не успеа”.

Двете досега опозициски партии од порано објавија дека се договориле за програмата на идната заедничка влада, која ќе ја води Курти, меѓутоа до застој во преговорите дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот