Муцунски: Оваа кампања ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ, зашто власта не испорача

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија, истакна дека оваа кампања ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта за три години не испорача, а партијата нуди надеж и програма базирана на реални проекти.

-Оваа кампања ќе биде успешна за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што по низа неуспеси од власта, кое поле и вие да го погледнете оваа влада не испорача, и не успеа да ги постигне целите за кои дојде на власт, вели Муцунски.

Муцунски критикуваше дека во програмата има проекти за владеењето на правото, економијата, реформи во образованието и здравството, а власта имала три години во кои можеше многу да направи, но по негово видување и по видување на голем дел од граѓаните оваа влада не успеа.

– Ние нудиме надеж, нудиме програма во 336 страници базирана на реални проекти, кои примарно мора да се справат со оваа здравствена криза која е многу сложена, да ја дигнат нашата економија и да обезбедат продуктивни работни места, да ја зацврстиме правната држава и да ја движиме Македонија на секое поле, како дигитализација и образованието, истакна тој.

Муцунски вели дека очекуваат реални промени и верува дека граѓаните препознаа прогресивен позитивен дух во ВМРО-ДПМНЕ, кој што ќе донесе победа на 15-ти јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот