Можна е нова трансплантација на срце од млад починат пациент, родителите дале согласност, се бараат реципиенти

Фото: Профимедиа

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека голема е веројатноста денеска да бидат извршени повеќе трансплантации на органите од починат млад пациент, со согласност од семејството.

-Доколку има соодветни реципиенти ќе биде можно да се направат трансплантации на срце и бубрези.Родителите на починатиот веќе дадоа согласност, останува да најдеме пациенти кои би ги примиле органите. Доколку се најде пациент на кого ќе му се направи трансплантација на срце, операцијата ќе ја изврши истиот медицински тим, кој беше ангажиран и за првата трансплантација на срце, што се изведе пред неколку месеци, рече Филипче.

Министерот не сакаше да открие повеќе детали за причината за смртта на младиот пациент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот