Можете без него: Одвикнете се од шеќерот

Одредете си јасна цел: Сакам да го исфрлам шеќерот од својата исхрана.

Под шеќер се поразбира и благото кафе, чајот со мед, сладоледот, колачите… Ако пресметате колкави количини шеќер внесувате во текот на денот, можете да бидете навистина изненадени.

Не пијте газирани пијалаци, тетрапак сокови, исфрлете чоколади, колачи, пуканки… Но, дозволете му и на телото да се навикне на недостатокот на шеќер. За почеток, не правете го тоа нагло, туку почнете со производите кои очигледно не се здрави за вас.

Навикнете се потребната доза на шеќер да ја добивате од овошјето и секако, одвреме-навреме дозволете си да пробате и по некое парче торта на родендените.

Воведете си го правилото на еден ден. Денеска прескокнете десерт. Утре запрашајте се дали навистина ви е потребно тоа слатко задоволство. Ако успеете да одложите четири денови, тогаш веќе сте на вистинскиот пат да се одвикнете од зависноста од благо.

Колку повеќе денови одложувате, ќе забележите дека веќе не сте зависни од благото. Еден ден, потребата целосно ќе ја снема. Тогаш повремено ќе можете да си дозволувате и по некој десерт, без да претерувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот