Моника Круемади го обвини Рама дека тој е виновен за жртвите, а не земјотресот

EPA-EFE/FILIP SINGER

Претседателката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, гостувајќи во емисијата „Оваа недела” на телевизијата “Њуз 24” упати тешки обвинувања кон премиерот на земјата Еди Рама.

Рече дека виновник за загубените животи, во Драч, Туман и Тирана, не бил земјотресот, туку самиот премиер, Еди Рама.

Оцени дека ситуацијата е стигнала до ниво до кое е, заради ненавременото делување на владата и на другите државни институции.

-Овој човек ја загубил довербата, сите фондации и невладини кои собрале пари велат дека сами ќе управуваат со парите. Тогаш зашто треба да веруваат луѓето и зашто ние треба да одиме на средба со човек, кој на некој начин е виновен за жртвите, не е земјотресот виновен, тој е причината за жртвите со своето неделување – истакна Круемади,која е сопруга на претседателот Илир Мета.

Таа со обвинувања и до министрите за давање лажни информации, посебно за образование дека нема многу штети во училиштата и додава дека доколку се оди на терен ќе се добие сосема понаква слика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот