Молкот им оди во прилог на злоупотребите

Како традиционална средина, кај нас владее срамот за случаи како што е „Јавна соба“, а молкот во такви ситуации е погубен – изјави за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ психологот и соработник на „Меѓаши“, Ана Попризова.

Групата „Јавна соба“ од вчера е затворена, а досега четири лица се уапсени во истрагата, но упатените велат дека тоа е само дел од проблемот со ширењето порнографски содржини и кршење на правата на приватност преку интернет. МВР апелира на поголема внимателност од  корисниците на социјалните мрежи.

– Молкот е драматичен и многу значаен. Кај нас, како традиционално општество, владее срамот, потребата да се прикрие и секако во еден дел ова е разбирливо, затоа што во прашање се жртвите и семејствата немаат доверба во институциите. Мислам дека го допревме дното и сметам дека треба да се преземе нешто. Да постои група со повеќе од 7.000 членови и да не може да се санкционира е отворен доказ дека општеството и институциите аминуваат насилство, а тоа е нешто што е на другиот екстрем доколку сакаме да се справуваме со вакви ситуации. Јас кога прочитав одново објава на социјалните мрежи со вулгарна содржина поврзана со 14-годишно девојче, влегов во чевлите на тие жртви, си замислив дека тоа се мои ученички – вели Попризова.

Таа потсетува дека пред една година, кога избила аферата, невладините организации очекувале да доаѓаат родители, деца, дека жртвите ќе се пријавуваат, но, за жал, тоа не се случило. Таа потсетува дека стручните лица и сега се тука, спремни да помогнат на жртвите на вакви злоупотреби.

Организацијата Хелсиншки комитет за идната среда во 14 часот најави протест за случаите како „Јавна соба“ и за подигање на јавната свест за правата на приватност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот