МНТ со „Лагата“ учествува на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица

Во претставата играат Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска / Фотографија: Кире Галевски

Македонскиот народен театар со претставата „Лагата“ учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Претставата е работена според текст на актуелниот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

„Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени, особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Иако при прв контакт со текстот, може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, всушност, тоа со што се занимава текстот, а воедно и претставата, е лагата како феномен.

Претставата „Лагата“ ќе биде изведена на 12 септември, со почеток во 20 часот, на сцената во театарот „Антон Панов“ во Струмица, а ќе биде посветена во чест на сценографот, долгогодишен соработник и, пред сѐ, голем пријател на МНТ – Крсте С. Џидров.

– Џиби, како што го нарекувавме во театарскиот свет, од 1984 до 2022 година е автор на сценографии за 12 (дванаесет) претстави во МНТ, а токму претставата „Лагата“ е негова последна сценографска креација во овој театар – известија од РСМ НУ Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот