МНР: Ниту даваме ниту одземаме сертификат за безбедност, за тоа е задолжена ДБКИ

Министерство за надворешни работи / Скопје / МИА
Министерство за надворешни работи / Скопје / МИА

Министерството за надворешни работи во однос на издавањето сертификат за безбедност на вработените во дипломатијата, денеска соопшти дека ниту дава ниту одзема сертификат за безбедност.

– За тоа е задолжена Дирекција за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) која има законска надлежност и обврска, во соработка со други институции, да издаде нов, или да одземе веќе постоечки сертификат за безбедност од било која класа. Министерството за надворешни работи има обврска да реагира доколку одреден вработен со правосилна одлука остане без сертификат за безбедност, соопштија од МНР.

Постапката за поседување сертификат за безбедност, се посочува во соопштението, е обврска за сите вработени во дипломатијата, и таа се спроведува во континуитет.

– Информираме дека во последното известување од страна на ДБКИ, за двајца вработени во дипломатијата не е одобрен безбедносен сертификат, се подвлекува во соопштението од МНР.

Претходно, Македонскиот дипломатски синдикат изрази загриженост, откако членката на синдикатот Викторија Трајков изјави дека и е одземен безбедносниот сертификат, а воедно и е ускратена и дипломатската патна исправа.

Се поставува прашањето дали овие дејствија се реакција поради нејзините јавно искажани ставови кон раководството на министерството. Синдикатот потсетува дека вакви притисоци беа нотирани и во изминатите неколку години за повеќе колеги по однос на истата проблематика, односно јавен настап вон работно време. МДС смета дека етичкиот кодекс на министерството не смее да го ограничува правото на јавно изразување на мислење и врз основа на тоа спорниот „член 17“ го оспори пред Уставниот Суд на РМ – се вели во соопштението од МДС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот