Мнозинството Бугари поддржуваат зголемување на трошоците за одбрана, вели најновата студија на НАТО

Софија, Бугарија/ Фото stoyanh / Alamy / Alamy / Profimedia

Според 83 отсто од бугарските граѓани, земјата треба повеќе да троши за одбрана, додека само осум отсто се со спротивно мислење, а девет отсто не можат да процент, покажаа податоци од студија на НАТО, вклучени во годишниот извештај за активностите на алијансата презентиран денеска.

Според извештајот, минатата година Бугарија обезбедила средства за одбрана еднакви на 1,54 отсто од БДП. Во извештајот се наведува дека досега само седум земји од алијансата ја исполнуваат целта трошоците да достигнат два отсто од БДП. Бугарија ја исполнува целта поставена од НАТО за најмалку 20 проценти удел на трошоците за опрема од вкупниот национален буџет за одбрана.

Меѓу граѓаните на земјите членки на Алијансата последната година се забележува и зголемување на поддршка за НАТО за осум отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот