Многу вкусни и здрави: ’Рдоквите се задолжителни на пролетната трпеза

unsplash

Освен со уникатниот свеж вкус во пролетната сезона, ’рдоквите се корисни од многу аспекти. Soдржат висок процент на витамин Б и Ц што ги прави корисни во борбата со вируси и грип.

Освен тоа, со нив во организмот се внесуваат многу минерали како калиум, цинк, фосфор и фолна киселина. Високиот процент вода помага во хидрирање на кожата. Исто така консумирањето ’рдоквите е благопријатно за стомакот и за црниот дроб.

unsplash

Тие ја прочистуваат крвта и ја обезбедуваат со свеж кислород. Исто така, се препорачуваат при жолтица, проблеми со мокрачните патишта и при опстипација. Содржат антиоксиданси, растителни влакна и етерични масла што го подобруваат метаболизмот.

Освен сурови, можат да се додадат во многу јадења и да се јадат варени, маринирани, готвени на пареа, закиселени. Сепак треба да знаете дека при готвење го губат карактеристичниот пикантен вкус и стануваат помеки. Од нив се прави одличен прилог за печено месо или риба на пареа. Добри се за ролат од мелено месо или телешко печено.

unsplash

Кога купувате ’рдокви, избирајте да бидат тврди, свежи, без видливи оштетувања. Чувајте ги во фрижидер заедно со други зеленчуци, до две недели.

Не заборавајте дека ’рдоквите се задолжителен додаток во пролетните салати, кои со нив стануваат повкусни и поздрави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот