ММФ ќе одвои 215 милиони евра неповратна помош за 25 земји

CCRT настојува својот располжлив износ да го зголеми на 1,4 милијарди долари.

Авганистан, Бенин, Буркина Фасо, Централна Африканска Република, Чaд, Коморски острови, Демократска Република Конго, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Хаити, Либерија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мозамбик, Непал, Нигерија, Руанда, Сао Томе и Принсипе, Сиера Леоне, Соломонски острови, Таџикистан, Того и Јемен се првите земји кои се најдоа на листата на ММФ кои ќе добијат неповратни средства со цел да ги прилагодат своите буџети во справување со пандемијата од корона вирусот.

Директорката на ММФ Кристалина Георгиева синоќа изјави дека на овие 25 земји иницијално ќе им бидат уплатени неповратни средства заради полесно сервисирање на нивните долгови кон Фондот, во текот на следните шест месеци, за да можат своите државни буџети да ги  насочат кон виталните здравствени и други потреби.

CCRT располага со околу 500 милиони долари, вклучувајќи ги и најавените уплати на 185 милиони долари од Велика Британија, 100 милиони долари од Јапонија, како и уплатите на Кина, Холандија и други земји, со што настојува својот располжлив износ да го зголеми на 1,4 милијарди долари, пренесуваат британските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот